Македонија против Грците ќе биде засилена со Вугринец

 

Ракометарот кој неодамна се здоби со македонски пасош, Ренато Вугринец, сега веќе и официјално ќе има право да го облече македонскиот ракометен дрес, откако веќе доби дозвола за такво нешто од Извршниот комитет на ИХФ. 

Од Интернационалната Ракометна Федерација денеска испратија официјален допис до Ракометната федерација на Македонија, во кој меѓудругото пишува: 

-На барање на Македонската ракометна федерација, Извршниот комитет на ИХФ, разгледувајќи ги сите околности околу играчот Ренато Вугринец, согледа дека тој ги исполнува сите услови за право на настап во репрезентацијата на Македонија. Тој веднаш има право за настап во националниот тим на Македонија, пренесе ekipa.mk.

28.03.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега