Кои се најуспешните менаџерки во Македонија?

 

Агенцијата „Марили“ синоќа по 18-ти пат ги избра најуспешните жени менаџери од Македонија.

За најуспешните менаџерки за 2013 година беа прогласени Маријана Ангелоска од „Ариљеметал“, Марина Бадаровска-Мишевска од „Казино Фламинго“, Маја Димовска од „Чоколографија Македонија“, Тања Дејаноска од Дентал интернационал Дејаноски, Евгенија Зафировска од „Бестел“, Даниела Пиперкоска од „Луцерн ВИП“, Анета Антова-Пешева од „Унет Ултра“, Магдалена Симоновска од „Шевро“ и Славица Тодоровска од „Хемофарм“ од претставништвото во Скопје.

Од општествениот сектор за најуспешна е избрана претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Агенцијата „Марили“, како општествено одговорна компанија годинава одбележувајќи 18 години постоење, организираше и хуманитарна акција, а средствата собрани од неа се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, кој ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија. 

28.03.2014 - 08:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега