Најдобриот возач во историјата на Формула1: Сена денеска би имал 54 години

 

На денешен ден пред 54 години е роден Ајртон Сена најдобриот возач во историјата на формула 1. Сена загина на 34 години и тоа на 1-ви мај 1994-та година откако загуби контрола на својот болид при брзина од преку 300 километри на час и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.

Легендарниот возач  во својата кариера триумфираше 41 пат, додека уште 39 пати се најде на победничкиот пиедестал.  Освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач по дождливо време.

 

27.03.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега