Македонија во третата група во новото првенство Лигата на нациите?

 

Во новоформираната Лига на нации која ќе стартува во 2018 година, нашата македонска фудбалска репрезентација е многу веројатно да игра во третата група. 

Имено на денешниот Конгрес на УЕФА во Астана, Казахстан, идејата на претседателот на европската фудбалска куќа Мишел Платини, за воведувањето на новото натпреварување, доби огромна поддршка од делегатите. 

Ова првенство ќе се игра секоја втора непарна година во термините за пријателски натпревари кои ќе се играат во мечевите од Лигата на нациите. 

Преку него ќе може да се обезбеди пласман на Свестко или Европско првенство.

Групите ќе се формираат според моменталната позиција што репрезентациите од европскиот континент ја имаат на ФИФА рејтинг листата. Според сегашниот пласман Македонија ќе игра во третата по квалитет група.

Информациите кои доаѓаат од Астана велат дека вкупно ќе има четири групи и на крајот од секој циклус ќе има испаѓања, како и пласман на големите натпреварување, а прво такво по почетокот на Лигата на нациите би било ЕП 2020 година.

27.03.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега