Утре дожд - еве какво ќе биде времето до крајот на неделата

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Врнежите ќе бидат почести во западните делови и на крајниот исток. Во централните делови ќе има малку повеќе сонце. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време кое ќе трае до крајот на работната недела. Ќе има и појава на локален дожд. Викендов ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. 

25.03.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега