Петнаесетина лица од Велес во 2013 заболеле од туберколоза

Минатата година во Велес биле регистрирани 15 заболени лица од туберколоза, од кои десетина биле со белодробна, а 5 со вонбелодробна туберкулоза. Од нив 10 се мажи, а 5 жени.

Старосната група на заболените се движи од 10 до 75 години.

Пневмофтизиологот д-р Анета Ковачки од Диспензерот за белодробни заболувања и туберкулоза во Велес на  денешната прес-конференција  истакна дека се вложуваат напори да се намали бројката на заболени од туберкулоза.

- Статистички гледано имаме намалување ако се земе во предвид споредбено 2012 година и 2013 година, бројката на заболени е помала за 32, изјави таа.

Д-р Ковачки информира дека и оваа година лекарите од велешкиот диспанзер Светскиот ден на борба за туберкулоза го реализираа во сорабтка со Општинската Организација на Црвен крст, а под мотото „Туберкулозата да се искорени до 2050 од нашите простори. Таа потенцира дека основната цел и на сите надлежни институции во земјава преку конкретни активности пред се едукација на населението да ја искоренат болеста од просторите на Македонија.

Спроед неа, статистичките податоци на ниво на Македонија од година во година бележат намалување но сепак туберкулозата се уште ја има. Во 2013 година регистрирани се 323 заболени од кои 291 се ново заболени, а останатите 32 се рецидиви односно кај нив туберкулозата по втор пат се појавила со тоа што 254 пациенти ја имале белодробната туберкулоза, а останатите 69 ја имале вонбелодробната туберкулоза.

Инаку велешкиот диспанзер за белодробни болести и туберкулоза е регионален и во него се лечат пациенти од поширокиот регион и околните градови како Кавадарци, Неготино и другите од регионот. 

25.03.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега