Гечевски во сабота го игра последниот меч во АБА лигата

 

Тодор Гечевски, капитенот на МЗТ Скопје во сабота ќе го одигра последниот меч во АБА лигата против тимот на Раднички. 

Аеродромскиот тим ќе се обиде против тимот од Крагуевац да триумфира и на тој начин да обезбеди пласман во Евро купот за наредната сезона. Поради тоа од клубот најавија дека влезот за овој меч ќе биде слободен. 

„МЗТ одлучи последниот меч од АБА лигата против Раднички од Крагуевац да биде бесплатен за сите фанови кои што ќе сакаат да го проследат. 

Македонскиот шампион повика на масовна поддршка од големиот број на навивачи за да му помогнат на клбот да заврши на шестата позиција на табелата која води во Евро купот во наредната сезона. 

 

25.03.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега