Коњановски: Нема да биде поштеден никој што ќе си игра со земјоделците и лозарите

Нема да биде поштеден никој што ќе си игра со маката на лозарите и земјоделците, порача денеска од Кавадарци заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

- Цело време настојуваме да помогнеме. Се намалува бројот на лозари кои имаат вакви побарувања. Мило ми е бидејќи нашите напори вродуваат со плод. Ќе притиснеме секаде каде што можеме за побрзо да се исплатат заостанатите долгови кон лозарите, но нема да се мешаме таму каде што постапките се водат судски, нагласи Коњановски.

Претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци Љупчо Аризанов рече дека преку 80 проценти од побарувањата од „Винеа“ се исплатени. Се прават напори во најскоро време да се плати и остатокот од парите кои ги очекуваат лозарите од „Винеа“ и „Џумајлија“.

25.03.2014 - 15:09
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега