Македонија ќе добие лабораторија за јонизирачко зрачење

 

На Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје наскоро ќе биде отворена лабораторија во која ќе се детектира храната која веќе била третирана со јонизирачко значење.

- Засега лабораторијата ќе се користи само за контрола што во Македонија како продукт влегува третирано со јонизирачко зрачење и каде се користи, односно дали од тие производи понатаму се прават нови производи во земјава, а во крајната фаза се размислува за воведување уред кој би ја зрачел храната и би го подобрувал нејзиниот квалитет, изјави проф. д-р Христина Спасевска, координаторот на проектот на паузата на Националната работилница чија цел е да се видат можностите за имплементација на технологии за јонизирачко зрачење за подобрување на квалитетот на материјалите и на храната во Македонија. 

Јонизирачкото зрачење е технологија која е добро позната во светот и се користи четириесетина години  за подобрување на својствата на полимерите и на другите материјали.

- Последните 20 години јонизирачкото зрачење се користи и за стерилизација на опаковките кои се користат за пакување на производите, но и за подобрување на квалитетот на храната. Производите третирани со јонизирачко зрачење траат подолго, но европската легислатива не е целосно ускладена кога станува збор за користење на таква храна. Засега единствен производ третиран со јонизирачко значење кој може да биде користен во Европа се зачините и чаевите, прецизира Спасевска.

Ив Хенон, експертот на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека јонизирачкото значење има широка употреба ширум светот, но се уште не и во Македонија.

- Токму затоа сум тука кај вас за да помогнам да се зголеми интересот кај индустријата и истражувачките организации за оваа корисна технологија. Таа има многу примени, почнувајќи од подобрувањето на пластиката, па до заштита на храната за да се направи побезбедна, рече Хенон.

 

25.03.2014 - 13:09
Фото: 
Идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега