Богородица, Стојаково и Селемлија денеска без вода

Населените места Богородица, Стојаково и Селемлија кои со вода за пиење се снабдуваат од регионалниот водовод „Гевгелија“, денеска од 8 до 12 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Oд водоводната линија ќе бидат исклучени и сите објекти покрај автопатот од мотелот „Вардар“ до граничниот премин „Богородица“ на македонско-грчката граница.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е реконструкција на регионалната водоводна линија кај мостот на реката Вардар.

25.03.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега