Студен бран над Македонија - очекувајте обилни врнежи од дожд и снег на планините
Иако новата недела ќе за започнеме со релативно топло време, сепак тоа нема да биде и случај и во деновите кои што следат. Уште во понеделниик попладне ќе започне наоблачување кое ќе донесе дожд прво во западните делови од земјата, а потоа со тенденција на нивно ширење кон исток во вечерните часови. Вечерта во планинскиот регион во западниот дел од земјата можни се врнежи и од снег на надморска висина над 1600 метри, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Метеопро.
Понеделник ќе донесе и доста ветровито време со повремен засилен ветер од југоисток.
Максималната температура во земјава ќе биде во пад во однос на неделната за околу 3°С.
Веќе во вторник ќе бидеме под влијание на северно струење и нешто постудена воздушна маса. Температурата ќе има максимална вредност пониска во однос на понеделник за околу 6°С, односно во границите помеѓу 11°С и 17°С. Овој ден носи повремен локален дожд низ Македонија.
Повремен дожд и температура со максимум под 20°С не очекува и во деновите до крајот на работната недела. На повисоките планини, пред се во западниот дел од земјата се очекува повремен снег.
Добрата вест е што не се очекуваат ниски минимални вредности на температурата, а со тоа и не се очекуваат проблеми за дел од културите кои се во чувствителниот вегетативен процес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа