Министерот Спасов ги посети пензионерите кои бесплатно уживаат на бања
Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска ги посети пензионерите кои престојуваат во Дебарски бањи Цапа.
Спасов истакна дека и годинава 5500 пензионери ќе ја искористат оваа бесплатна услуга, која се состои од 6 полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Нагласува дека негова одговорност како министер за труд и социјална политика е успешна реализација на услугите на овој проект.
Од друга страна, и пензионерите денеска изразија задоволство од условите во кои престојуваат и дека во најголем дел од нив, до сега не можеле да си дозволат престој во бања.
До сега на со проектот биле опфатени 22 илјади пензионери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа