Ивановски на Деветтиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Даблин

 

Повеќе од 30 претставници на владини и академски институции, компании и на граѓанскиот сектор, ќе учествуваат на Деветтиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој денеска и утре ќе се одржува во Даблин, Република Ирска. На собирот ќе учествува и македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

На состанокот ќе се дискутира за развојот на ИКТ областа, посебно на широкопојасниот интернет во поглед на достигнувањата на зацртаните милениумски цели за развој. Исто така, ќе се разгледува улогата на телекомуникациските оператори во доменот на предизвиците и решенијата за широкопојасен интернет во руралните средини. Меѓу другото, ќе стане збор и за иновативните начини за финансирање на тие решенија, како и стратегиите за редуцирање на трошоците за пристапност до интернет.

Домаќин на собирот ќе биде познатиот бизнисмен Денис О‘Брајан, кој помогна во воспоставувањето на комисијата. 

Министерот Ивановски ќе оствари и повеќе билатерални средби со учесници на собирот.

22.03.2014 - 10:31
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега