Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии - Македонија е на добар пат
Американскиот аналитичар Умберто Паскали за програмата Гласот на народот, истакна дека Македонија оди во добар правец и дека политичко лидерство, предводено од премиерот Никола Груевски, има доста постигнувања кои ќе бидат основа за понатамошна доверба од граѓаните.
- Македонија и понатаму ќе има клучна улога на Балканот – географски добро поставена со култура која ги идентификува само Македонците. Важно е да се нотираат добрите политички одлуки на Владата и премиерот Груевски, особено во делот на зближување и градење добри односи и со Кина, Индија и со Русија. Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии. Неговото однесување беше и се уште е пример за многу други лидери. Неговиот оптимизам и активизам е предизвикувачки, вели Паскали.
Македонија може да биде горда на ваков политичар, вели Паскали кој додава дека граѓаните треба да ја дадат поддршката за актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов поради неговата професионалност, но и промоцијата на културата, хуманоста и идентитетот на Македонија.
– Неговиот интелектуален и човечки талент, неговата способност да создаде пријатели насекаде низ светот и да и даде лице на културата, историјата и хуманоста на Макеоднија. Лидери како овие го создаваат богатството на земјата, нивната политичка храброст ги одвлекува и им создава бес на ние кои сакаат да ја дестабилизираат земјата, вели Паскали.
Според него, Европската унија го покажа вистинското лице, сега во случајот со Украина: - Некомпетентните водачи на меѓународната заедница изгубија секаква смисла и го фрлија оружјето на социјална дестабилизација, вооружена инвазија - направија фашистички марш во Киев, како тој на Мусолини во Рим, кој беше насочен кон рускиот народ. Беа со цел да и се даде на Русија третман како Либија, и тоа не го правеа тајно. По изјавите дадени од страна на Џорџ Буш до Михаил Горбачов дека НАТО не може да се користи за притисок кон Исток, сега американската Влада го направи токму тоа и кон руска територија, вели Паскали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа