Кина ќе и додели 2,5 милиони евра на Македонија

 

 Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со кинескиот амбасадор Цуи Живеи, чиј мандат истекува во април.

Со цел продолжување и продлабочување на соработката беше разменет и меморандум за соработка со кој Народна Република Кина ќе и додели на Македонија средства во висина од 2,5 милиони евра.

Во досегашната соработка заклучно со лани потпишани се договори во висина од 13,4 милиони евра наменети за изградба на училишта, здравствена инфраструктура, набавка на училишни автобуси и друго.

21.03.2014 - 15:53
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега