Македонските поети и писатели го одбележаа Светскиот ден на поезијата
По повод Светскиот ден на поезијата во Градскиот трговски центар во Скопје, Клубот Матица организираше настан на кој поетесите Александра Велинова, Ирена Ристевска и македонскиот поет и писател Ѓорги Барбаровски се дружеа со минувачите и им потпишуваа книги.
- Мојата поезија не можам точно да ја определам. Пред се би ја определила како дел од животот, а многу луѓе ја сфаќаат многу поразлично, рече Ристеска - Петаноска.
Поетесата Александра Велинова во врска со акцијата „Читај повеќе-Читај секаде“ изрази надеж дека „Матица македонска“ ќе успее на некој начин да им ги смени навиките на патниците кои влегуваат во автобус и тие наместо да разговараат меѓусебе или да анализираат луѓе околу себе да земат книга и да читаат, односно на некој начин да го следат трендот што веќе постои во Бугарија, Романија, Франција итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа