Кочани и Штип се вклучија во акцијата „Македонија земја на розите“
Амбасадори и нивни заменици од десет дипломатски претставништва во земјава денеска во Штип засадија рози покрај кејот на реката Отиња, во рамки на акцијата „Македонија земја на розите“.
Амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер нагласи дека е воодушевена од граѓаните и локалната власт, кои несебично се вклучија во акцијата „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“, а штипскиот градоначалник информира дека денеска во Штип се засадени 4.000 рози.
Исто така денеска и Кочани во рамки на акцијата „Македонија земја на цвеќето - Земја на розите“ се разубави со 200 рози.
- На денот на пролетта испраќаме порака до сите граѓанин на Кочани и околните населени места да дадат свој придонес, да засадат рози во своите и во училишните дворови, рече Апостолов, секретарот на општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа