Дарко Димитриевски ќе добие шанса во репрезентативниот ракометен дрес
Новото име кое што го повика селекторот Ивица Обрван во сениорската репрезентација е Дарко Димитриевски, кој ќе треба да се појави на подготовките во Охрид на 1-ви април.
Покрај него Обрван за ЕХФ неделата повика уште и играчи од Металург и Вардар, плус четворица интернационалци.
Од интернационалците повикани се: Борко Ристовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков и Дарко Димитриевски. Левиот бек Димитриевски неодамна потпиша во АСОБАЛ лигата и веднаш се наметна меѓу најдобрите клупски стрелци.
Селекторот Обрван од тимот на Вардар ги повика Петар Ангелов, Филип Лазаров, Немања Прибак и Стојанче Стоилов. Разбирливо најмногу репрезентативци доаѓаат од Металург, а повикани се Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Златко Мојсоски, Никола Маркоски, Ванчо Димовски, Дејан Пецаковски, Аце Јоновски, Велко Маркоски и Филип Миркуловски.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 01.04.2014 (Вторник) во Хотел Гарден, Охрид во 12:00 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа