Пајакот направи "парче" на улиците низ Скопје
Во текот на изминатото деноноќие пајакот повторно направи парче во Скопје. Со специјалното возило биле отстранети 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, а во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција откри и санкционираше осум возачи кои не го носеле заштитниот шлем или кацигата за време на управување на мотоциклот, шест лица затоа што ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, еден со несоодветна категорија во возачката дозвола, а двајца управувале со мопедите со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и пет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците и тројца возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на крстосница.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа