Продолжува штрајкот на државните службеници во Грција

 

Продолжува денеска 48 -часовниот штрајк на државните службеници во Грција против владините планови да скрати 11 илјади работни места во рамките на програмата за штедење договорена со меѓународните кредитори.

Во штрајкот , иницирана од синдикатот на државните службеници АДЕДИ , учествуваат вработените во даночните служби, во државните болници,а и вработените во средното образование со оглед на тоа што задутре истекува рокот кој Владата го постави за вклучување на наставниците во т.н. шема на мобилност со можност тие да бидат отпуштени.

Многу луѓе во Грција сметаат дека строгите намалувања на трошоците го задушуваат економскиот раст и многу лоши влијаат на невработеноста која достигна до рекордното ниво од 28 проценти.

Штрајкот е организиран еден ден откако Владата ја обезбеди следната транша од помошта од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд по седуммесечни преговори.

На почетокот од седмицава премиерот Андонис Самарас изјави дека 500 милиони евра од примарниот суфицит за 2013 година ќе бидат распределени како помош за над еден милион луѓе кои имаат потреба од финансиска поддршка, особено за бездомниците.

Тој исто така најави мерки за намалување на придонесите за социјално осигурување, со цел да се намали рекордната невработеност.

Од 2010 година Грција доби 240 милијарди евра од меѓународни заеми во замена на строги мерки за штедење и реформи. Фондот за спас на еврозоната располага со уште 10,1 милијарди евра за Грција.

Грчките медиуми денеска објавија дека тројката меѓународни кредитори дала зелено светло за исплата на следната транша во износ од 8,5 милијарди евра во рамките на втората антикризна програма за Грција . Владата во Атина ги очекува парите наредните недели откако траншата ќе биде одобрена од Меѓународниот монетарен фонд и Еврогрупата

20.03.2014 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега