Љубовна приказна која ќе ве потресе
Приказна која ќе ве потресе од дното на душата, ова вреди да се прочита.
Еден врнежлив ден Ива се шеташе низ улиците по градот. Таа сакаше да шета по дождот и секогаш велеше дека и помага да ги заборави секојдневните проблеми. Ива беше ученичкa и имаше 17 години. Беше одлична ученичка, се додека не ги сретна тие плави очи кои и рекоа “здраво“. Од тој ден незините родители забележаа дека нешто се случува со нивната ќерка. Почна да се шминка чудно, почна да облекува сукњи, а претходно не можеа да ја убедат да облече нешто друго освен фармерки.
По неколку дена нејзиниот татко ги најде и сликите од Кристијан во нејзината фиока. Од тогаш не смееше да излегува надвор. Понекогаш кога ќе и задоцнеше автобусот и дома ќе дојдеше покасно нејзините родители не и веруваа. Ива секој ден беше се потажна и потажна, цело време во главата и беше Кристијан… Сеуште не се познаваа доволно а знаеа дека припаѓаат еден на друг. Кога врнеше дожд тие секогаш се шетаа заедно, а тогаш Ива ќе речеше “ајде под нашето дрво “, ќе седнеа на клупата под дрвото и цела вечер ќе разговараа.
Ова траеше шест месеци.
Шест месеци незаборавна љубов, прекрасни денови…
Ива беше цело време надгледувана од нејзините родители но тоа не можеше да му го каже на Кристијан. По извесно време под голем притисок на нејзините родители таа мораше да го заборави Кристијан. Тој секогаш ја чекаше на клупата под дрвото, но Ива не доаѓаше. Ја немаше, а кога ќе прашаше за неа, сите чудно молчеа.
Ива потполно се промени. Еден ден другарките и кажаа дека Кристијан заминува од градот со првиот воз, а на тоа само рече “тука ја најдов и тука ја изгубив среќата“.
Возот тргнуваше во 14.00 часот. Таа се враќаше од училиште, и место дома таа отиде на железничката станица. Го најде возот кој требаше да тргне ,го најде и него, со солзи во очите. Кога Кристија ја виде Ива и скокна и силно ја гушна. Двајцата плачеа.
Кристијан рече “ ќе престанеме Ива, што да правиме, само да живееме среќно“? А, таа само молчеше и гледаше во неговите плави очи кои беа полни со солзи.
Возот тргна “збогум Ива, може ќе се сретнеме некогаш. Јас заминувам, а ти знај дека секогаш ќе те сакам и вечно ќе живееш во моето срце“
Долго време на прозорецот се гледаше раката на Кристијан, а таа стоеше и мафташе со раката по возот. Потоа појде дома и влезе во нејзината соба.
Незнаејќи како да најде начин да излезе од овој кошмар таа реши да посегне по својот живот. Кога неј зините родители заминаа на работа, таа седна во нејзината соба и размислуваше како да го изведе тоа. Беше Петок 13-ти. Одеднаш влезе во бањата пушти и топла вода и посегна по жилетот…
Ива полека но сигурно чекореше кон смрта.
Незиниот татко влезе во бањата и почна да вика “јас сум за се виновен,за се!“.“Јас ја убив!“. Мајката отпрвин не го разбра, но кога виде падна и се онесвести.
Дојде и брза помош , но беше предоцна.
Во нејзината соба најдоа писмо,во кое пишуваше :
“Петок 13 ти
Драги тато
Немој да ми се лутиш. Ова беше најдобро и најлесно решение. Мојот Кристијан замина од овој град а јас засекогаш од овај свет. Вие сте уште млади. Ако некогаш би имале ќерка, дајте и го моето име Ива. Нека има се што немав јас. Нека биде среќна.
И покрај се јас ВЕ САКАМ… вашата Ива“
Ден после смрта на Ива стигна писмо од родителите на Кристијан, а во него пишуваше:
“Сабота 14-ти
Драга наша Ива
Кристијан не е повеќе жив. Од кога се врати, делуваше некако изгубено. Беше Петок 13 ти. Овде врнеше дожд, не сакаше да земе чадор, незнам зошто. Чекорејки по мократа улица одеднаш се фрлил под кола. Пред да умре ни остави писмо: “Јас морам кај мојата Ива , таа ме вика“.
Ни ја даде твојата адреса за да ти пишиме ДЕКА МНОГУ ТЕ САКАЛ.
Родителите на Кристијан…”
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа