Синот на Аркан: Добивам секојдневно закани поради објавувањето на книгата за мојот татко!
Во Србија се крена прашина околу објавувањето на книгата на Војин, синот на Жељко Ражњатовиќ.тој во интервју за Дневно.рс раскажува за уцените и заканите кои секојденвно ги добива поради објавувањето на „50 приказни за мојот татако“.
- Огромно е интересирањето на јавноста за книгата која ја подготвувам и секојдневно ми пристигнуваат понуди за соработка. Почетокот на продажбата на книгата на англиски јазик е планиран на роденденот на Аркан, на 17 април преку сајтот Аmazon.com и ќе биде достапна во печатено, но и во дигитално издание. Книгата на српски јазик ќе се појави на Видовден, 28 јуни и тоа истовремено во сите земји на поранешна Југославија. Тоа се моите планови, а промени се можни само доколку дојде до некои компликации поради контроверзната содржина на книгата – вели Војин.
Семејството на Аркан како и пријателите се противеле поради објавувањето на оваа книга, но Војин сепак решил да го стори тоа.
- Вистината излегува на виделина – јас од никого не се плашам. Во целиот свој живот сум се плашел само од еден човек, а тоа е мојот татко – признава Војин.
Аркан со првата жена наталија се разведе веднаш кога ја запознал Цеца, а Војин тогаш имал само 10 години кој ја напуштил татковината, роднините, пријателите и започнал нов живот во туѓа земја.
- Јас сум Србин и искрен патриот. Ги сакам своите и го почитувам туѓите. Мојата иднина е во Србија – таму се родив, а таму еден ден и ќе умрам. Имам големи планови и моја најголема желба е што побрзо да се вратам и конечно да го заврши моето 14-годишно прогонство – рекол Војин Ражнатовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа