Загинаа две лица при експлозија на бомба од Првата светска војна во Белгија

 

Загинаа двајца работници,  а двајца други се ранети денеска во Белгија при експлозија на бомба од Првата светска војна. 

Инцидентот се случи во градот Ипер, во чиј реон било едно од најголемите бојни полиња во историјата на Белгија. 

Експлозијата одекнала додека работниците извршувале ископувања крај реката Ипер, изјави градоначалникот на градот Жан Дурне. 

Едниот работник починал веднаш по експлозијата на бомбата, а другиот на пат за болница. Еден од ранетите работници се здобил со потешки повреди

19.03.2014 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега