Македонците пијат 27 литри пиво годишно
Секој Македонец годишно пие по 27 литри пиво. Една третина или 38 проценти од продажбата на пиво во земјата отпаѓа на производите на Прилепска пиварница која годинава одбележува 90 години постоење. За ова денеска информираше генералниот директор на Прилепска Пиварница Сашо Самарџиоски.
- Во 1924 година Пиварницата почна со 8.000 хектолитри, а сега произведуваме 200.000 хектолитри. Постојано инвестираме во осовременување на производствениот процес, а планираме и да отвориме академија за пиво. Од почетокот во 1924 до денес Прилепска пиварница се движеше и растеше преку унапредување на производството во секој аспект за денес да биде една од петте пиварници на Балканот со најсовремен технолошки процес. Со 90 години зад нас имаме многу наследено знаење, но тоа не би значело ништо доколку не инвестираме во тековните состојби, не го унапредуваме производството континуирано и не го стимулираме развојот. Тоа што работиме во еден од најкомпетитивните сегменти не мотивира за поголеми резултати, истакна Самарџиоски, и додаде дека во изминатите 10 години инвестирани се повеќе од 30 милиони евра во унапредување на квалитетот на производството, во опрема за обработка на вода, варилница за пиво и сл, вели Самарџиоски, пренесе МИА.
Фабриката има 260 вработени, шест производствени линии и пет сопствени брендови „Златен даб“, „Крале Марко“, овошните нектари „Блум“ и соковите „Газоза“ и „Портоколада“, лиценцното производство на светските брендови „Пепси“, „Миринда“ и „Севан ап“. Пиварата важи за еден од најмодерните производствени капацитети на Балканот. Годишниот капацитет на пиварата е 500.000 хектолитри пиво годишно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа