Сите го подаруваат она што го носат во срцето!
Поучна приказна која вреди да се прочита. Секојдневно еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош.
Но еден дензазвонел на една убава куќа кај богат домаќин кој се мислел што да му даде и на крај му подарил корпа полна со ѓубре.
Сиромавиот се насмевнал ја зел корпата и заминал. Ја испразнил, ја исчистил и ја наполнил со преубави цвеќиња. Се вратил кај истиот богаташ и му ја дал истата корпа.
Богатиот се зачудил и му рекол: Зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?
А, сиромавиот му одговорил: Сите го подаруваат она што го носат во срцето!
Извор: Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа