Ивановски во посета на систем салата за размена на интернет
Денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа Сашо Димитријоски, ќе го посетат ја посетат систем-салата на националната точка за размена на интернет сообраќај MatriX.
По воспоставувањето на националната точка за размена на интернет сообраќај, интернет-провајдерите во земјава не ќе мора да го остваруваат меѓусебното поврзување и размената на сообраќајот во некоја од точките за размена на интернет-сообраќај во Европа (интернет-ексчејнџ) туку тоа ќе може да го прават во Македонија.
Систем-салата, изградена по светски стандарди предвидени за оваа намена, е лоцирана во просториите на зградата на Македонската радио и телевизија, а ќе биде во рамките на МАРнет како независна институција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа