Новата Хурем си ја отвори душата: Кога бев болна од рак на сопругот не му беше гајле - сега тој е болен!

 

Тусрската актерка Вахиде Перчин која кај нас е позната по улогата на Хурем во серијата „Величенствениот“ открива дека пред две години успеала да го победи ракот. Но за време на лекувањето актерката не наишла разбирање од нејзиниот сопруг Алтан Гордум, кој е сега веќе поранешен.

- Повредена бев кога по 20 години брак сфатив дека на мојот сопруг му е сеедно, дали ќе живееам или дали ќе умрам. Незнам која од овие две болести повеќе ме уништи ракот или разочарувањето. Паднав во тешка депресија, а мојата ќерка ми беше единствено засолниште во кое ја најдов силата да се борам и да живееам, вели актерката.

И сега на поранешниот сопруг на Вахиде му е дијагностицирана истата болест, рак на кожата

- Јас и мојот сопруг сме обврзани на добро и зло, додека смртта не не раздели.Со оглед на тоа што тој ова воопшто не го почитуваше , но јас ќе бидам поголем човек од него и заедно со мојата ќерка ќе се грижиме за Алтан.

 

 

 

 

13.03.2014 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега