ФОТО: Роналдо ја покажа хуманата страна - го спасува животот на 9 месечно бебенце
Кристијано Роналдо ја покажа својата хумана страна. Фудбалерот ќе плати операција за деветмесечното бебенце Ерик Ортиз Круз кое е родено со оштетување на мозокот.
Семејството на Ерик е од Шпанија и нема доволно средства за да му помогне на своето синче. Познатиот фудбалер се реши да ја покаже хуманоста на дело, па ќе ги плати трошоците за малото момченце да оди на операција и да може да води здрав и среќен живот.
Бебнцето коеима 30 епилептични напади дневно ќе се оперира во Мадрид, а операцијата чини 60.000 евра.
Фудбалерот за кој сите велат дека е себичен и арогантеќ во 2012 направи уште едно добро дело кога му помогна на момченце болно од рак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа