Антиќ до триумф со Атланта против Јута

 

Тимот на нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ, Атланта успеа по подолг период да слави над Јута со 112:110. 

Атланта успеа да стигне до триумф по шест порази во низа, односно десет на гостински терен. Антиќ уште еднаш одигра фантастичен меч, а Македонецот се најде и во стартната петорка. 

Антиќ заврши со двоцифрен број на поени, односно за нешто повеќе од 23 минути на паркетот имаше учинок од 12 поени и по три скокови и асистенции.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кајл Корвер со 26 поени, додека Пол Милсап запиша три помалку. Најдобар во поразениот тим беше Треј Брук кој натпреварот го заврши со 23 поени.

НБА резултати:

Шарлот - Денвер 105:98
Бруклин - Торонто 101:97
Мајами - Вашингтон 99:90
Њујорк - Филаделфија 123:110
Милвоки - Орландо 105:98
Јута - Атланта 110:112
ЛА Клиперс - Феникс 112:105

11.03.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега