ФОТО: Пендаровски посетува „независни“ домаќинства на активисти на СДСМ

 

Иако на фејсбук фан страната, Стево Пендаровски тврди дека посетува домаќинства на обични граѓани на кои му значи да им ја стисне раката, фотографиите покажуваат дека голем дел од нив, или барем оние кои ги препознале нашите читатели, се активисти и функционери на СДСМ.

„Непосредниот контакт со граѓаните е од непроценлива важност за мене. Секое стискање на раката, секое добредојде има посебно значење. Ви благодарам“, напишал кандидатот за претседател од СДСМ и објавил галерија на која може да се најдат неколку истакнати активисти на општинската организација ан СДСМ од Аеродром како и активисти од општинската организација на СДСМ Кисела Вода. На фотографијата е и истакнат функционер на Социјал Демократската Младина кој е син на познат бизнисмен близок до СДСМ. 

11.03.2014 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега