Ахмети: Не го сакаме Иванов
Кој и да биде избран за претседател на Македонија ние ќе му го оспориме легитимитетот, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на Младинскиот форум на ДУИ.
- ДУИ е одлучна и останува на идејата за консензуален кандидат, но ако таа не успее, нема да успее ниту нивната идеја да се избере Ѓорге Иванов за легитимен претседател. Од денот кога би се случил неговиот реизбор, па се до истекот на неговиот мандат ние ќе го оспоруваме неговиот легитимитет, рече Ахмети.
Тој нагласи дека иако партијата учествувала на претходните претседателски избори, не добила никогаш претседател, и затоа ДУИ сега нема да понуди свој кандидат.
- Земјата оди напред со нови и големи идеи, независно дали доаѓаат од страна на Албанците или на Македонците, но на овој начин избраниот претседател, кој и да биде, за ДУИ ќе биде нелегитимен, рече Ахмети.
Во однос на паралментарните избори истакна дека немаме време за губење.
- Ќе има избори во Брисел, локални во Грција, што значи тие нема да бидат ангажирани за нашите процеси. Затоа во 2015 година треба да се реши спорот со името, да се интегрираме во НАТО и да добиеме датум за отпочнување на преговорите за влез во ЕУ. Повеќе не смее да се одолговлекуваат овие процеси, бидејќи тоа може да предизвика меѓуетнички конфликти и земјата да се изолира, посочи Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа