ВИДЕО: Ги начека и ги уапси - погледнете ја акцијата на МВР во која “паднаа“ 13 лица

 

Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска реализираше обемна акција за сузбивање и документирање на криминалот, односно кривичните дела кои подолг период наназад биле вршени на Граничниот Премин „Ново Село“.

Со примена на посебни истражни мерки, биле идентификувани членовите на криминалната група, односно злосторничкото здружение кои во континуитет криумчареле огромни количини текстилна роба со која снабдувале бутици во повеќе градови низ државата. Како членови на оваа криминална група се идентификувани и повеќемина вработени во Царинската управа, меѓу кои раководителот на Царинската испостава „Ново Село“ и шестмина царински службеници од истиот граничен премин.

Освен нив, денеска беа приведени и шест физички лица поради основано сомнение дека сите заедно сториле повеќе кривични дела како „злосторничко здружување“ „злоупотреба на службена положба и овластување“, „криумчарење“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Повеќе детали за акцијата прочитајте тука.

07.03.2014 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега