ЕК бара зрела и конструктивна политичка дебата за изборите во Македонија
Европската комисија (EK) бара зрела и конструктивна политичката дебата и слободни и фер избори во согласност со меѓународните стандарди од сите политички актери во Македонија, пренесува МИА.
Портпаролот на еврокомесарот за проширување, Петер Стано во изјава за МИА побара успешно имплеметирање на дело на новите измени на Изборниот законик, истакнувајќи дека неформалната Влада на ЕУ ќе ги следи претстојните изборните случувања во Македонија која е кандидат за членство во Унијата.
- Знаете дека не е улога на ЕК да коментира за одлуки, датуми и временските рамки за изборите, за кои во случајот со Македонија се одлучија во соодветен демократски процес. Единствено што можам да кажам е дека ние очекуваме овие избори да бидат слободни и фер, во согласност со меѓународните стандарди, вели портпаролот на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Овие избори, додава Стано зборувајќи во името на ЕК, ќе се одржат во рамки на изборната рамка што беше неодамна изменета, за да се решат прашањата што беа претходно покренати од страна на ОБСЕ и нивната канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
- Важно е новиот закон да биде правилно имплементиран. И има уште еден важен елемент што сакам да го потенцирам, а тоа е потребата од зрела и конструктивна политичка клима и дебата во земјата во однос на овие избори, вели Стано за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа