Скопје се подготвува за уште еден незаборавен Виенски Бал
На 8ми март, во Хотелот Александар Палас, традиционално, по 15ти пат ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка “Јохан Штраус” а под покровителство на Австриската амбасада во Македонија.
Петнаесет години Скопје е една од привилегираните метрополи во светот што имаат свој Виенски Бал.
Виенскиот Бал во Скопје е традиционална културно-музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската сорботка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од нашата земја и музиката на легендарната династија Штраус, прават оригинален спој на културите на двете држави.
Како и изминатите 14 години, и оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент наХотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.
На Балот оваа година ќе настапат стотина врвни уметници:
-Оркестарот Јохан Штраус-триесет професионални музичари, инструменталисти кои ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски - Ѓумар.
Грациозните танчери на Прима Данца ќе ја забавуваат публиката со интересни танцови точки.
-Гостите ќе имаат можност да уживаат во странските евергрини изведени од маестралниот Џон Илија Апелгрен. За добрата атмосфера ќе се погрижат и Петар Ренџовзаедно со Тумбао Салса Бенд.
- Ќе настапат и балетските солисти Бобан Ковачевски и Марија Кичевска.
- Како изненадување за присутните ќе биде настапот на неколку танцови двојки од шоуто “Танц со ѕвездите”.
Многу забава, музика што ги задоволува сите музички вкусови, несомнено е дека 8ми март ќе биде уште една вечер на убавината, задоволството и уживањето, неповторлива уметничка вечер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа