Управен суд потврди: Милчин бил кодош
До Комисијата за верификација на факти досега од Управен суд се пристигнати 28 одлуки од вкупно 48-те тужби што беа поднесени по решенијата од оваа Комисија.
Како што изјави за МИА, Предраг Димитровски од Комисијата за верификација на факти, од нив, со 25 одлуки тужбите на тужителите се отфрлаат како неосновани, што значи се потврдуваат решенијата на Комисијата, а три се прифатени, односно за три се поништени решенијата на Комисијата.
- Овие три решенија што се поништени се за Иван Бабановски, Николче Бабунски и Слободан Катушевски. За првите двајца, Комисијата одржа седница и донесе одлука известителите да подготват нови извештаи и на една од наредните седници повторно да бидат ставени на дневен ред. Најверојатно исто ќе се постапи и по третиот, изјави Димитровски.
Според него, од тие 25 тужби со кои се потврдени одлуките на Комисијата, четворица се јавуваат како наредбодатели, корисници на информации и соработници. Тоа се Хисен Муслиу, Божидар Кулевски, Стеван Павлевски и Ѓорѓи Тоновски, а останатите се однесуваат на соработници. Тука спаѓаат Владимир Милчин, Јорданчо Чевревски, Кирил Псалтиров, Шабан Шеху, Васил Тоциновски, Никола Костурски, Петре Наковски, Сејфедин Харуни, Фаредин Мифтари, Зоран Јовановски, Коста Балабанов, Исак Ајрули, Бранко Цветков, Драги Билевски, Милован Стефановски,Петар Карајанов, Славе Рајовски, Љубомир Фишиќ и Властимир Видоевски и поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа