Ставрески: Го исполнивме ветеното - пензионерите денеска добија повисоки пензии

 

 

Пензионерите денеска добија зголемени пензии за 600 денари што е исполнување на ветеното, вели министерот за финансии Зоран Ставрески.

- Како што им ветивме на пензионерите, денеска ја извршивме исплатата на пензиите. Секој пензионер во Република Македонија доби зголемена пензија за 600 денари и тоа секако е значајно за заштитата на нивниот животен стадард, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Агенцијата за катастар на недвижности.

Министерот истакна дека просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и оти за разлика од тогаш кога изнесувала 7.680 денари, сега изнесува 12.450 денари.

- Во Буџетот се предвидени средства во висина од една милијарда и 800 милиони денари за зголемување на пензиите како трансфер во Пензискиот фонд и пензинерите можат да бидат сигурни дека и во преостанатиот дел од годината ќе ги добиваат овие зголемени пензии во првата недела од месецот, истакна вицепремиерот Ставрески.

Министерот најави дека продолжува владината поддршка за оваа категорија граѓани кои освен зголемување на пензиите меѓу другото имаат и бесплатен јавен превоз, намалени цени на лековите и како бесплатен престој во болници за оние кои имаат помали пензии.

07.03.2014 - 13:51
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега