„Го убив синот, не можев повеќе да гледам како страда" - потсесна исповед на мајка

 

Британка си ја отвори душата и ја раскажа својата животна приказна која го обиколи светот.

Се работи за Британка чиј син по име Хедер Пратен боледувал од Хантингтонова болест, од која претходно починал и неговиот татко Кент. Нејзиниот син на 42. роденден се обидел да се самоубие со  преголема доза хероин, а мајката избезумена гледајќи го како тешко дише и се мачи земала перница и го задушила за да стави крај на неговото страдање.

Откако Хедер била уапсена и обвинета за убиство, обдукцијата покажала дека судбината на Најџел секако ќе била смрт, бидејќи Хантингтоновата болест е неизлечива и предизвикува наследен нарушен ген кој ги оштетува мозочните ќелии.

Хедер од смртта на синот, во март 2000 година се залага за промена на законот. Вели дека би морала да постои можност за психички свесните луѓе во терминална фаза од болеста самите да решат на кој начин сакаат да умрат. 

07.03.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега