ДИК најде решение - кампањата ќе почне два дена порано

 

Државната изборна комисија (ДИК) најде решение за поклопувањето на изборните кампањи. Наместо на 7. април, кампањата за парламетнарните избори, ќе започне на 5. април и ќе трае до 26. април, но, ќе биде прекината на 12. и 13. април поради предизборниот молк за претседателските избори. 

Со ова, ќе се обезбеди 20 дневна кампања за парламентарните избори и изборен молк за претседателските. 

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија задоволство од одлуката, бидејќи сметаат дека е во согласност со законот и е лесно применлива.

Одлуката беше донесена на денешната седница на ДИК.

07.03.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега