Прилепчанец преку ноќ изгуби 5.500 евра
Засега непознат сторител ја опустошил куќата на 60 годишниот прилепчанец, лоцирана на улицата „Цане Коњарац“ во Прилеп/
Според информациите од МВР, крадецот си заминал од куќата со австралиски долари, евра, денари и златен накит, вредни над 5.500 евра
Крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол во куќата, ги пребарал собите и си заминал со 3.900 австралиски долари, 1.800 евра, 48.000 денари и разновиден златен накит. Вкупната штета е проценета на околу 5.500 евра.
Полицијата работи на откривање на идентитетот на арамијата.
07.03.2014 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа