Среќен ден за пензионерите во Македонија - си добија повисоки пензии
На сметките на 284.878 пензионери денеска се исплатени 3.551.452.143 денари за февруарска пензија, која од овој месец е за 600 денари повисока, информира Министерството за финансии.
- Со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе изнесува 12.445 денари, односно ќе се зголеми за 62 проценти во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари. Со ова сме единствената земја, не само во регионот туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да се заштитат пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да се изврши зголемување на пензиите, се вели во соопштението Министерството за финансии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа