Груевски оствари средба со кардиолози од Детската болница од Сиетл

 

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска остварија средба со др. Марк Левин, директор на Кардиолошкиот центар и др. Дејвид МекМулан, шеф на кардиохируршкиот и трансплантациски тим на Детската болница од Сиетл, Соединетите Американски Држави.

Министерството за здравство и Детската болница од Сиетл претходно потпишаа меморандум за соработка преку кој во идниот период ќе се остварува соработка на полето на едукацијата на македонските лекари за третирање на определени видови на педијатриски кардиолошки болести по најсовремени методи и техники.

Соработката опфаќа и едукативно-консултативна улога на американските лекари во врска со сите потребни ресурси од кадров и технички карактер кои треба да ги обезбеди нашето јавно здравство за квалитетна здравствена заштита на децата по најсовремени стандарди.

Со оваа прва скрининг посета на американските кардиолози на нашата земја, при која истите ја посетија Детската клиника и детскиот оддел на Хируршкиот центар и имаа средби со домашниот медицински персонал кој работи на истите, започнува реализацијата на договорената соработка. 

05.03.2014 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега