Обвинителството ги чека анализите за смртта на штипскиот бизнисмен
Основното јавно обвинителство-Штип и СВР-Штип се уште немаат официјални податоци и анализи од обдукцијата, но и анализи од парафинска ракавица за смртта на познатиот штипски бизнисмен Горан Даскалов, кој вчера беше пронајден мртов во неговата викендичка во населбата „Суитлак.
Од обвинителството велат дека истрагата е во тек и се додека не се добијат анализите од вештачењето на доказниот материјал не можат да кажат дали случајот со Даскалов е самоубиство или убиство, пренесе МИА.
Повеќе детали за смртта на бизнисменот прочитајте тука.
05.03.2014 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа