Проблемот со поклопувањето на предизборните кампањи ќе го решава ДИК
Проблемот со поклопувањето на предизборните кампањи на претседателските и предвремените парламентарни избори ќе го решава Државната изборна комисија. Висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за Пресс24 вели дека тоа е прашање во надлежност на ДИК и дека пратениците за него нема да расправаат.
- „Изборниот законик го донесовме со консензус исполнувајки ги сите желби на опозицијата вклучувајки го и одбележувањето со видливо мастило на граѓаните. Вакво техничко прашање може да се реши во рамките на Комисијта, а вчерашниот настап на претседателот на ДИК, Никола Рилковски е само уште еден во низата обиди на СДСм преку своите партиски функционери да си обезбедат алиби за поразот кој ги чека на изборите, вели функционерот на ВМРО-ДПМНЕ за Пресс24.
Проблемот со роковите на кампањите настана откако 27 април, денот кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори се совпадна со датумот на предвремените парламентарни избори. Со тоа, кампањата за предвремените избори треба да тече во време кога ќе трае предизборниот молк за првиот круг од претседателските избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа