Министерот Ивановски во Вашингтон
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска во Вашингтон ќе се сретне со неколку истакнати претставници од областа на информатичко-комуникациската област.
Ивановски ќе оствари средба со федералниот комесар за комуникации Томас Вулер, како и со заменик комесарот за комуникации и информатичка технологија, Лери Стриклинг.
Предвидена е средба и со амбасадорот Даниел Сепулведа, кој е координатор за меѓународни комуникации и информатичка политика во Стејт департментот. Сепулведа ги претставува САД во сите тела што одлучуваат за ИКТ политиките.
05.03.2014 - 09:18
Фото:
вмро-дпмне.орг
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа