Регионална конференција за истраги поврзани со корупција

 

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи Регионална конференција за перење пари и истраги поврзани со корупција,на која ќе учествуваат јавни обвинители и инспектори од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Конференцијата е во рамки на регионалниот ИПА 2010 проект „Борба против организираниот криминал и корупцијата: јакнење на јавно-обвинителската мрежа“, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ кое заедно со Центарот за меѓународна правна соработка – CICL се задолжени за имплементација на проектот.

Конференцијата има за цел да го подобри толкувањето на договорите и конвенциите за време на меѓународните истраги и судења, за да се добијат докази и да се конфискуваат криминалните добра, да се добие познавање за развојот со полето на перење пари на меѓународно ниво, да се истражат стратегиите кои се достапни на полицијата и обвинителите за време на истрагата и судењето и да се разменат искуства и техники помеѓу учесниците.

Во фокусот на конференцијата ќе бидат договори, конвенции за перење пари и корупција во Европа и пошироко, ФАТФ и МАНИВАЛ и нивните извештаи, Меѓународна правна соработка, Развој во меѓународното право, Стратегии за истраги и судско гонење на сложени финансиски случаи, кои пред присутните ќе ги презентираат експерти од Европската унија.

Свои обраќања на конференцијата ќе имаат јавните обвинители од ЕУ, Саскиа Де Вриес и Габриеле Валентич, јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.

05.03.2014 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега