Фотографиите од Твитер-календарот 2014 на изложба во Софија
Во галеријата „Антракт“ во Софија, вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ивана Батев, за Твитер-календарот 2014.
Тој е продолжение на идејата за општествено ангажиран календар што во 2013 година првпат беше изработен за подигање на јавната свест за ракот на дојка.
Заедницата на луѓе активни на твитер, повторно испратија порака за здравјето, овојпат за сексуалното здравје, преку фотографии од актови. Пораките ги состави тимот на организацијата ХЕРА, чиј фокус на работа е сексуалното и репродуктивното здравје и права.
Фотографиите годинава беа контекстуализирани во стилот на фото-блогот „Идеи за домот“ кој прикажува детали од ентериер и дизајн.
Авторката на изложбата Ивана Батев е фоторепортер во Македонската информативна агенција-МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа