Венгер импресиониран од Пандев - стратегот го бара струмичанецот во тимот на „Топџиите“
Стратегот на Арсенал Арсен Венгер наводно изразил желба во летниот преоден рок да го донесе најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во редовите на „Топџиите“.
Како што пренесуваат медиумите на островот и во Италија, Французинот ќе смогне сили да го донесе струмичанецот во своите редови, на крајот од сезоната.
Договорот на Пандев со Наполи му истекува во 2015 година, а ваквиот трансфер е се поверојатен со оглед на тоа што Пандев не е во првите планови на Шпанскиот стратег кај „Наполитанците“, Рафаел Бенитез, и добива се помала минутажа.
Според интернет страницата „трансфермаркт“ Пандев во моментов вреди околу 10 милиони евра, но Французинот се надева дека неговите услуги може да ги добие за околу 7 милиони.
Покрај Арсенал, заинтересирани за услугите на Македонецот се и Тотенхем, Борусија Дортмунд и Монако.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа