Министерот Попоски во Женева го посети ЦЕРН

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во Женева ја посети Европската организација за нуклеарно истражување.

Генералниот директор на ЦЕРН, Ролф Дитер Хојер му ја претстави на министерот Попоски мисијата и активностите на Европската организација за нуклеарно истражување. За време на средбата беа разгледани можности за продлабочување на научната соработка помеѓу македонски научни институции, научници, студенти и ЦЕРН, согласно Договорот помеѓу Република Македонија и ЦЕРН потпишан во 2009 год.

Исто така, главните научници му го претставија на министерот еден од најголемите научни експерименти во историјата на човештвото, големиот хадронски судирач преку кој се обидува да се одговори на најсуштествените прашања на физиката.

04.03.2014 - 13:43
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега