Потпишан Договор за подобрување на репродуктивното здравје на населението

 

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски на денешната средба со директорката на Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) Доина Болога, потпиша Договор за соработка за периодот 2014-2015 година, со цел подобрување на репродуктивното здравје на населението.

Средбата, како што е наведено во соопштението од Министерството за здравство, е одржана на маргините на состанокот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Букурешт, Романија, а чиј Секретеријат е сместен во Министерството за здравство на Република Македонија.

Во рамки на овој Договор, Министерството за здравство ќе стави акцент на ранливите категории на граѓани, помош на социјално загрозените семејства и жителите на руралните подрачја, во однос на планирање на семејството и соодветна обука на здравствените работници на сите нивоа на здравствена заштита, со цел подобрување на здравјето на мајките и новородените кај споменатите ранливи категории граѓани

МИА

03.03.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега