Грчки Парон: Венизелос ја разубавува политиката на македонските власти за името

 

Грчката јавност се уште се обидува да го сфати значењето на изјавите кои министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос ги даде за време на посетата на Скопје.

Како што коментира грчкиот весник „Парон“, изјавите на Венизелос во Скопје „можат да се сфатат ако ништо друго како разубавување на политиката на Груевски“, пренесе МИА.

- Инаку, како поинаку би го окарактеризирале фактот дека Венизелос упорно јавно го повторува уверувањето од страна на Груевски дека неговата земја нема територијални претензии и не манифестира никаков вид на иредентизам, освен како иницијатива на грчкиот министер да ја претвори оваа изјава во креативен став во однос на името, коментира „Парон“.

 

03.03.2014 - 10:36
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега